На влезовите на Битола се поставија корита за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, а на влезовите на пазарите, пак, ќе се постават сунѓери полни со средства за дезинфекција.
„Денеска завршија градежните активности, и поставени се дезинфекциски корита низ кои ќе минуваат и ќе се врши дезинфекција на сите моторни возила што влегуваат во општината. Оваа акција е составен дел на континуираните акции што ги вршиме деновиве, односно дезинфекција на јавните површини и објекти каде што постои можност за контаминација и загрозување на населението“,
порача градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Таа порача дека ќе се продолжи со вакви акции за превенција, но побара и граѓаните да го редуцираат движењето низ градот.