И во наредните денови следува период на променливо облачно и студено време
Променливо облачно и студено време за денеска најавува УХМР. Попладнето ќе биде со делумно намалена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец, а минималната температура ќе се спушти до -3, додека максималната ќе достигне 5 степени.
И во наредните денови следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. В среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи, претежно од снег.