Сообраќајна незгода се случи попладнево на пешачки премин на булеварот „Илинден“ со крстосницата со улицата „Ленинова“.
Во несреќата учествувале возило „шкода суперб“ со дипломатски регистарски таблички и возач на тротинет.


КАко што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „шкода“ управувано од Ф.Т. од Љубљана и тротинет управуван од В.А. од Виница, кој се здобил со повреди.
Увидот е во тек.
