Даниела Стојановска-Пановска, инаку професорка во средно училиште, доаѓа на пратеничкото место на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, кому му заврши пратеничкиот мандат бидејќи беше именуван за нов амбасадор на Северна Македонија во Црна Гора
Пратениците на денешното продолжение на 99. пленарна седница го верификуваа мандатот на Даниела Стојановска-Пановска која сега официјално е пратеничка во Собранието од редовите на СДСМ.
Пред да биде верификуван на пленарната седница во Собранието, мандатот на Стојановска-Пановска на почетокот на месецов беше верификуван и од матичната собраниска Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и констатиран од страна на Државната изборна комисија (ДИК).
Стојановска-Пановска, инаку професорка во средно училиште, доаѓа на пратеничкото место на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, кому му заврши пратеничкиот мандат бидејќи беше именуван за нов амбасадор на Северна Македонија во Црна Гора.
Рамчиловиќ влезе во актуелниот собраниски состав како кандидат од третата изборна единица на СДСМ и коалицијата на парламентарните избори во 2020 година.