Советот на амбасадори го осудува физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид. Од Советот ,како што велат, станува збор за варварски чин и насилството кое не е за начин решавање на недоразбирањата помеѓу граѓаните независно од нивната етничка и верска или политичка припадност.
„Советот смета дека овој настан ја вознемири домашната јавност но и јавноста во соседна Бугарија, која со право го протолкува настанот како „антиевропски“ и „антибугарски“ испад, “
Според Советот на амабасадори со таквите насилни испади се рушат добрососедските односи помеѓу двете соседни држави Северна Македонија и Бугарија, духот на мирот и соработката во регионот но и репутацијата на нашата држава како мирна и пријателска држава и кандидат за членството во Европската Унија.
Советот на амбасадори бара од надлежните судски органи најитно да го процесуираат судкиот процес и виновниците да добијат заслужени казни.
Советот го поздравува гестот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков да го посетат повредениот Христијан Пендиков и да му пружат морална и охрабрувачка поддршка како и да му се гарантира неговата безбедност во матичната држава Северна Македонија.