И покрај најавениот дожд на одредени места, времето во земјава денска ќе биде релативно топло за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени
Денеска во земјава нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од снег, пак, се очекуваат само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
И покрај најавениот дожд на одредени места, времето во земјава денска ќе биде релативно топло за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови, под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар, известуваат од УХМР.