Сопственикот сам го размонтира

Стакларникот на улица „Македонија“, кој функционираше како бутик, од утрово се отстранува.
Според информациите од Општина Центар, сопственикот сам го размонтира откако претходно беше издадено решение за отстранување.

Градежен инспектор од Општината во ноември лани издаде решение со кое му нареди на инвеститорот стакларникот кој е доградба да биде отстранет и локалот да се врати во првобитна состојба.
Сопственикот побарал рок сам да го урне кој му беше овозможен од општинските власти.
Порано овој локал беше угостителски објекти, а доградбата која е на јавна површина се користеше како летна тераса што, пак, е дозволено.