Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата
Полициски службеници денеска ја привеле А.К.(55) од Скопје, осомничена дека вчера, на 11.01.2023, од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.
„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена“,
соопштија од МВР.
Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.