Според полицијата, нападот се случил околу 15 часот, а еден час подоцна полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Куманово го привеле осомничениот
Инаку, ова е второ убиство во земјава што се случува во период од три дена, а во кое жртви се блиски членови на семејствата на осомничените сторители
Убиство попладнево се случило во Куманово откако, како што соопшти полицијата, четириесетгодишен жител на градот со нож го нападнал својот 65-годишен татко, кој им подлегнал на повредите.

Според полицијата, нападот се случил околу 15 часот, а еден час подоцна полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Куманово го привеле осомничениот.
„Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј. (40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј. (65), кој им подлегнал на повредите“,
стои во информацијата од СВР Куманово.
Засега нема информации за околностите и мотивите за нападот.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, ова е второ убиство во земјава што се случува во период од три дена, а во кое жртви се блиски членови на семејствата на осомничените сторители.
Завчера во стан во скопската општина Карпош се случи двојно убиство, во кое осомничениот сторителот 40-годишен скопјанец со нож ги избоде своите мајка и баба, а наредниот ден, откако станал од спиење и се уверил дека тие се мртви, сакал да го убие и својот чичко. Откако не го нашол дома, отишол кај матичната лекарка на која и раскажал што се случило.