Држете ги прозорците и вратите затворени за да помогнете во спречување на загадувачите на надворешниот воздух да влезат во вашиот дом, гласи еден од советите
Министерството за здравство денеска преку социјалните мрежи објави препораки до граѓаните како да се заштитат од загадувањето на воздухот при што ги советуваше да носат заштитни маски, дане ги држат вратите и прозорците отворени, да вежбаат внатре, а не на отворено итн.
„Носете маска за да го заштитите вашиот респираторен систем кога квалитетот на воздухот е лош и избегнувајте активности на отворено кога нивото на загадување е високо“;
За време на високо загадување држете ги прозорците и вратите затворени за да помогнете во спречување на загадувачите на надворешниот воздух да влезат во вашиот дом“;
„Здравата исхрана богата со овошје и зеленчук може да помогне во зајакнување на вашиот имунолошки систем, што може да ве заштити од негативните ефекти на загадувањето“;
гласат дел од препораките на здравствените власти.
Пиењето многу вода, додаваат од Министерството за здравство, исто така може да помогне да се исфрлат токсините од вашето тело и да се одржи вашиот респираторен систем здрав.
Понатаму, се препорачува граѓаните кои вежбаат да размислат тоа да го прават дома кога квалитетот на воздухот е многу лош, а не на отворено, како и да пијат антиоксиданси, витамини Ц и Д, цинк и др.