Лидерот на ДУИ, Али Ахмети им го честита празникот Божик на сите православни верници.
„Во овие празнични моменти кои ги доживувате со вашите најблиски по повод празникот Божиќ, ви ги пренесувам моите искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови. Нека секогаш е подадена раката на милосрдието, помирувањето и помошта еден кон друг“,
се вели во честитката од Ахмети.
Празникот го честита и вицепремиерот Артан Груби. Тој во честитката испраќа порака за меѓусебна почит и пријателство.
„По повод вашиот празник Божиќ, посакувам вашите семејства да бидат благословени од светлината на здравјето, мирот и бескрајните добрини. Овие празнични мигови нека бидат рефлексија околу светоста на семејството, околу високите вредности на духовно прочистување, меѓусебната почит и искреното пријателство“,
наведува Груби.