Според информациите, тој ја дал својата одбрана пред обвинителот каде што го негирал делото за кое е обвинет, јавува српски „Курир“
Сопственикот на „Фристајлер“, грчкиот државјанин М.Л. (51), денеска беше на распит во Третото основно јавно обвинителство за инцидентот што се случи на новогодишната ноќ, кога сплавот почна да тоне неколку минути по полноќ.
Според информациите, тој ја дал својата одбрана пред обвинителот каде што го негирал делото за кое е обвинет, јавува српски „Курир“.
Обвинителството му предложи на судот да му биде одреден притвор до 30 дена. Тоа е кривично дело против општата безбедност. Обвинетите се соочуваат со казна затвор од една до осум години.
М.Л. го отворил „Фристајлер“ во 2001 година заедно со неговиот брат.
Сопственикот на сплавот М.Л. (51), управителот Д.В. (46) и директорот М.Р. (51), кои беа уапсени, во моментов се на распит во Третото основно јавно обвинителство поради инцидентот што се случи за време на новогодишната ноќ на овој белградски сплав.
Извлекувањето на сплавот „Фристајлер“, кој потона до половина во реката Сава во Белград, е обврска на сопственикот согласно Законот за пловидба и пристаништа во внатрешните води, соопшти Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Како што соопшти Министерството, одобрение за вадење на сплавот мора да издаде капетанијата на пристаништето, која сопственикот мора да ја извести за почеток на работа, прекин, продолжување или напуштање на работите за вадење на потонатиот сплав, пренесува Бета.