Пожарот, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, опфаќа кровна конструкција на еден од објектите во поранешниот дом за згрижување на деца и мадинци „Ранка Милановиќ“. Додава дека нема потешко повредени лица
Гори објектот на поранешниот дом за згрижување на деца и мадинци „Ранка Милановиќ“ во Општина Гази Баба, инфомира вечерва на својот фејсбук-профил градоначалникот на општината, Бобан Стефковски.
Пожарот, како што објави тој, опфаќа кровна конструкција на еден од објектите.
„Во пожарот едно лице има вдишено чад и за среќа нема потешко повредени“,
пишува Стефковски на Фејсбук.
Во фејсбук-објавата Стефковски додава дека изминатиот период повеќепати упатил барање до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Домот за згрижување деца „25 Мај” во чија надлежност е напуштениот објект за обезбедување на истиот, но како што вели, од нив до денес, нема никаква реакција.
„Јавно апелирам и барам од надлежните институции веднаш да се преземат мерки за обезбедување на објектот кој е бесправно населен со цел да се спречат во иднина вакви и слични проблеми од кои можат да настанат сериозни последици“,
додава градоначалникот на Општина Гази Баба.
Голем пожар денеска избувна и во казино во скопско Ѓорче Петров, при што целосно беше пеплосан кровот на објектот. По неколку часа од избувнувањето пожарникарите успеаја да ги совладаат пламените јазици. Во пожарот немаше ниту повредени ниту загинати.