Информацијата за „360 степени“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека дојавите биле испратени на електронските адреси осум скопски училишта
Дури и на последниот училишен ден од првото полугодие, денеска осум скопски училишта добиле дојави за поставени бомби во своите објекти.
Информацијата за „360 степени“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека дојавите биле испратени на електронските адреси на училиштата, а до МВР е пријавено попладнево.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
велат од МВР за „360 степени“.
Засега не е познато за кои училишта станува збор.