Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените. Тејт славата ја стекна преку социјалните мрежи најмногу поради говорот на омраза и бројните мизогини изјави. Меѓу другото, тој рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите
Романските власти објавија дека контроверзниот инфлуенсер и поранешен професионален кикбоксер Ендрју Тејт бил уапсен вчера во Букурешт, пренесува Ројтерс. Тој е осомничен за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група. Тејт, заедно со неговиот брат Тристан и уште двајца осомничени Романци ќе бидат притворени 24 часа, се вели во соопштението на обвинителите од единицата за организиран криминал по претресот во нивниот дом во Букурешт.
Браќата Тејт се под истрага од април.
„Изгледа дека четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина наменета за гледање на специјализирани веб-страници за одреден надомест. Тие притоа би добиле значителни суми пари“,
се доодава во соопштението.
Andrew Tate arrested at his home in Romania following a raid by police. pic.twitter.com/lfHpvTzZrP
— Durden Lebowski (@DurdenLebowski) December 29, 2022
Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените. Тејт славата ја стекна преку социјалните мрежи најмногу поради говорот на омраза и бројните мизогини изјави. Меѓу другото, тој рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите (затоа му беше забранет пристапот на Твитер, на кој Илон Маск во меѓувреме го врати).
„Сексуалното вознемирување е одвратно и неоправдано. Меѓутоа, кога мажот ќе ве погледне или ќе ве исвиркува или ќе ве праша како се викате, тоа не е вознемирување. Жените даваат секс во замена за можност многу долго време. Тие го прават тоа и тие не се злоупотребуваат. Ако се доведете во ситуација да ве силуваат, треба да сносите одредена одговорност“,
објави тој на Твитер, но сега тие твитови се избришани.
Тој доста уживаше во успешната кик-бокс кариера и освои шампионски титули. Првпат стана познат надвор од спортот кога се појави на Големиот брат во 2016 година во Велика Британија. Но, тогаш на интернет се појави видео на кое Тејт тепа жена со ремен, па Ендру беше исфрлен од реалното шоу. Тејт тврдеше дека тепањето било дел од улогата на која се согласила жената од видеото.
„Тие го прекинаа звукот од видеото затоа што таа се смее во него. Тие го прекинаа и крајот на видеото, каде што таа го зема ременот и ме удира назад додека двајцата се смееме. Колку многу срања. Тоа беше во 2012 година и се забавувавме“,
рече еднаш Тејт.
Тој, исто така, привлече критики за неговите коментари за сексуална злоупотреба.