Почина девојчето (15) од Загреб кое беше повредено во земјотресот што го погоди главниот град на Хрватска, јавуваат тамошните медиуми.
Како што информира директорот на Клиниката за детски болести „Клаичева“, Горан Роиќ, девојчето ја изгуби битката за живот.
„И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди“,
рече Роиќ.
Во земјотресот се повредени 27 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: