Хрватската престолнина утрото во 6:23 часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, најјак во последните 140 години.
Во критична состојба е 15-годишно девојче откако се урнала куќата во која живеела. Десетици граѓани на Загреб се повредени.
Материјалната штета е голема а најмногу настрадале старите градски јадра, особено куќите постари од 100 години.
Оштетена е и фасадата на хрватскиот Сабор.
На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога се случува земјотресот.