Завахири се крие со години, а операцијата насочена кон негово лоцирање и убиство е резултат на „внимателна, трпелива и упорна“ работа на антитерористичката и разузнавачката заедница, изјави висок претставник на американската администрација
Ал Каеда објави 35-минутна снимка за која тврди дека на неа се слуша гласот на водачот Ајман ал Завахири, за кој се верува дека бил убиен во американски напад во 2022 година, соопшти денеска разузнавачката група SITE.
Точниот датум на снимката не е познат, а транскриптот не го означува јасно временскиот период во кој таа можела да биде креирана. Завахири беше убиен во американски напад во Авганистан, што е најголемиот удар за милитантната група откако нејзиниот основач Осама бин Ладен беше убиен во 2011 година.
Завахири се крие со години, а операцијата насочена кон негово лоцирање и убиство е резултат на „внимателна, трпелива и упорна“ работа на антитерористичката и разузнавачката заедница, изјави висок претставник на американската администрација.
Ал Каеда никогаш не именуваше наследник, но експертите го гледаат Саиф ал Адел, мистериозен поранешен припадник на египетските специјални сили, кој беше висок припадник на Ал Каеда, како главен кандидат.
САД нудат награда од 10 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.