Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 115,1 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Ректорат и Центар
Скопје утринава се искачи на високото трето место на листата на најзагадени градови во светот, според мерењето на квалитетот на воздухот пред 12 часот.

Со индекс на загаденост на воздухот од 182, позагадени градови од Скопје утринава се единствено Њу Делхи во Индија и Лахоре во Пакистан.

Освен Скопје, во топ-десет загадени градови во светот утринава се и Сараево и Белград. Главниот град на БиХ се најде на четвртото место со индекс на загаденост на воздухот 177, додека Белград е на осмата позиција со индекс на загаденост 168.
Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 115,1 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Ректорат и Центар.

Сепак, најзадаген град во Македонија во моментов според „Ај-кју ер“ е Гостивар со измерени 142,2 микрограми на кубен метар ПМ2,5 честички и 158,7 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.
