Банкман-Фрид е обвинет за финансиски измами од неколку милијарди долари, откако неговата онлајн берза за тргување со криптовалути, отворена во 2019 година, а која во еден момент во 2021 година достигна над милион корисници, во ноември објави банкрот
Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-ти-екс“ (FTX), може да оди во куќен притвор, но доколу даде гаранција од 250 милиони евра.
Тој синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, по што денеска беше изведен пред суд во Менхетен. Како што пишува „Њујорк тајмс“, условите за давање кауција од 250 милиони евра му ги постави федерален судија за прекршоци, кој одредил и дека доколку оди во куќен притвор ќе треба носи електронска алка за надзор и да престојува кај неговите родителите во Калифорнија.
Пред тој да биде екстрадиран од Бахамите во САД, двајца негови поранешни колеги и пријатели, Керолин Елисон и Гери Ванг, се изјаснија за виновни за обвиненијата поврзани со нивните улоги во измамата што придонесе за колапс на „Еф-ти-екс“ и сега соработуваат со истрагата.
Елисон е поранешен извршен директор на „Аламеда рисрч“, трговска фирма основана од Банкман-Фрид, а Ванг, беше коосновач на „Еф-ти-екс“.
Како што јавуваат американските медиуми, помеѓу 2019 и 2022 година, Елисон, по насоки на Банкман-Фрид, ја унапредил шемата со манипулирање со цената на берзата „Еф-ти-екс“. Ванг, пак, го создал софтверскиот код на „Еф-ти-екс“ што ѝ дозволил на „Аламеда рисрч“ да ги пренасочува средствата на клиентите на „Еф-ти-екс“ кои потоа Елисон ги користел незаконски пренасочените средства за трговската активност на „Аламеда рисрч“.
Двајцата се обвинети од Комисијата за хартии од вредност и берзи, државен регулатор на Волстрит, и соработуваат со истрагата поврзана со активностите на Банкман-Фрид со цел да постигнат договор за намалени казни.
Банкман-Фрид е обвинет за финансиски измами од неколку милијарди долари, откако неговата онлајн берза за тргување со криптовалути, отворена во 2019 година, а која во еден момент во 2021 година достигна над милион корисници, во ноември објави банкрот.
Берзата, основана во 2019 година, со седиште на Бахамите поднесе барање за банкрот на 11 ноември, откако се бореше да собере пари за да спречи колапс, бидејќи трговците брзаа да повлечат шест милијарди долари од платформата за само 72 часа.
Оттогаш се покажа дека Банкмен-Фрид тајно користел десет милијарди долари од средства на клиентите за да ги поддржи своите трговски операции.
Според судските поднесоци од минатиот месец, „Еф-ти-екс“ на своите 50 најголеми доверители им должи речиси 3,1 милијарди долари, односно околу 2,5 милијарди фунти.
Не е јасно колку луѓето кои имаат средства на берзата ќе бидат обесштетени на крајот на стечајната постапка. Голем број експерти, како што анализира „Би-би-си“ предупредуваат дека на крајот доверителите ќе добијат само мал дел од она што го депозитите.
Инаку, оваа крипто-берза им овозможуваше на своите клиентите да тргуваат со обични пари за крипто-валути како биткоин.
Банкмен-Фрид, како што потсетува британскиот радиодифузен сервис, некогаш се сметаше за млада верзија на легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет, а до крајот на октомври имаше нето вредност проценета на повеќе од 15 милијарди долари.