Вработената во маркетот при препознавањето на сторителот потврдила дека 33-годишниот Б.К. е разбојникот кој се обидел да го ограби маркетот во скопски Карпош
Скопската полиција синоќа го уапсила 33-годишниот скопјанец со иницијали Б.К. кој вчера околу 21 часот се обидел да ограби маркет на улица „Драгиша Мишовиќ“ во скопската населба Карпош 3.
Вработената во маркетот при препознавањето на сторителот потврдила дека лицето Б.К. е разбојникот кој се обидел да го ограби маркетот.
„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода. При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух“,
велат од Секторот за внатрешни работи Скопје.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.