Министерот Венко Филипче на вечерашната прес-конференција вечерва излезе со детали за првата почината пациентка од коронавирус со земјата.
Тој рече дека прегледот на неа и бил направен на 16 март кога се пријавила во кумановската болница само со температура, без други симптоми или кашлица.
Прегледот е направен на 16 март, дошла со температура без други симптоми и кашлица.
„Веднаш биле поставени прашањата на што таа одговорила негативно дека немала контакт со сомнителни лица или лица од ризични земји. На 17 март дошла повторно во болницата со синот, двајцата биле со покачена температура, без кашлица. Повторно е направена анкета во која се негирани било какви поврзаност со заболен, со странец или патување во странство. На 17 и 18 март тие примаат терапија, немаат кашлица и тоа е третман во дневната болница. На 19 март со потежок наод на белите дробови контатирана е пневмонија и сместени се во Одделот за изолација. И кај мајката и кај синот се земаат брисеви за да се направат тестови. На 19 се направени анализи и тие се негативни. На 20 се повторува тестот на мајката, со оглед дека препораките на СЗО се ако има негативен тест кај пациент со потешка клиничка слика која може да укажува на коронавирус, тестот да се повтори“,
објасни Филипче.
И тој повторен текст е негативен.
Следниот ден, на 21 март, состојбата на жената се влошила, направени се обиди за реанимација, меѓутоа безуспешни.
„Со оглед на тоа што компликацијата настанува нагло што е нетипично за некоја друга болест, земен е посмортен материјал и тестот е позитивен. Преиспитани се повторно материјалите земени иницијално, повторно е потврдено дека тие се негативни. Разговаравме интензивно со екпертите, консултиравме литература и тестот никаде во светот не е 100 проценти сензитивен и тоа е докажано“,
рече Филипче.
Што се однесува до здравствените работници, пак, рече тој, во момент се прави епидемиолошка анкета со сите и ќе се постапи согласно информациите, податоците и начинот на пристапување и ќе се види дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања.