Тие намерно го множат хаосот и подигаат тензии на меѓународно ниво, рече Путин обвинувајќи го Западот за „експлоатација на Украина“ и „користење на Украинците како топовско месо“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „желбата на Западот да ја задржи доминацијата на светската сцена“ е виновна за „зголемениот ризик од потенцијален конфликт“.
„Потенцијалот за конфликти расте. Ова е директна последица на обидите на западните елити да ја зачуваат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација со сите можни средства“,
рече Путин во видео пораката на самитот на министрите за одбрана на Шангајска организација за соработка и група поранешни советски земји.
„Тие намерно го множат хаосот и подигаат тензии на меѓународно ниво“, рече Путин обвинувајќи го Западот за „експлоатација на Украина“ и „користење на Украинците како топовско месо“.
Путин постојано ја карактеризира војната во Украина – која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција“ – како конфликт меѓу Русија и Западот и ги критикуваше земјите кои обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина. Киев, европските земји и Вашингтон велат дека Москва се обидува, под превезот на грижа за сопствената безбедност, да освои големи делови од Украина и да го собори нејзиниот претседател Володимир Зеленски преку цинична агресија против проевропска соседна земја.