Украинската компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ соопшти дека руските сили кои ја окупирале централата поставиле неколку ракетни фрлачи од типот „Град“ во близина на еден од нејзините шест нуклеарни реактори
Руските сили наводно инсталирале повеќецевни ракетни фрлачи во затворената украинска нуклеарна централа „Запорожје“, тврдат украинските власти, пренесуваат агенциите.
Ова, како што се наведува, ги зголеми стравувањата дека најголемата европска атомска централа може да се користи како база за гаѓање на украинска територија и зголемување на опасноста од радијација.
Украинската компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ соопшти дека руските сили кои ја окупирале централата поставиле неколку ракетни фрлачи од типот „Град“ во близина на еден од нејзините шест нуклеарни реактори.
Според тврдењата на украинските власти, офанзивните системи се наоѓаат во нови „заштитни структури“ кои Русите тајно ги изградиле нарушувајќи ги сите услови за нуклеарна и радијациска безбедност, пишува „Гардијан“.
Тврдењата, како што наведува весникот, засега не се потврдени од независни извори.
Иако ризикот од „нуклеарно топење“ е значително намален откако сите шест реактори беа исклучени, експертите велат дека опасно ослободување на радијација сè уште е можно, пишува Асошиејтед прес.
Во својот последен разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија најверојатно добила нова пратка на иранска муниција Шахед-131 и 136 (категорија вооружени системи чија муниција „лута“ (се пасивизира) во областа каде се наоѓа целта и напаѓа во моментот кога таа ќе биде лоцирана) и дека во изминатите три недели се извршени напади со овие уреди.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 09 December 2022
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) December 9, 2022
Find out more about the UK government’s response:
https://t.co/8lSxWhSXeO
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/C9RUY80d8v
Во вторникот, украинскиот генералштаб објави дека соборил најмалку 14 Шахед-136, додека во средата, украинските власти објавија дека користеле летала без екипаж за еднонасочен напад, обезбедени од Иран за напад на областите Запорожје и Днепар.
Последното пријавено соборување на Шахед-136 во Украина беше на 17 ноември.