Грејнер е во авион на пат за САД, изјави претседателот Џо Бајден кој телефонски разговарал со кошаркарката
Американската кошаркарка Бритни Грајнер, осудена во Русија поради обвинение за шверц на дрога, била разменета за Русинот Виктор Бут, кој во САД е осуден на 25 години затвор под обвинение за нелегално снабдување со оружје, објави Си-ен-ен.
Од руското Министерство за надворешни работи потврдија дека се случила размената. Процедурата била спроведена денеска на аеродромот во Абу Даби. Бут веќе се врати во Русија, соопшти Министерството.
Грејнер е во авион на пат за САД, изјави претседателот Џо Бајден кој телефонски разговарал со кошаркарката.
Moments ago I spoke to Brittney Griner.
— President Biden (@POTUS) December 8, 2022
She is safe.
She is on a plane.
She is on her way home. pic.twitter.com/FmHgfzrcDT
Си-ен-ен забележува дека друг Американец – Пол Вилан, осуден во Русија под обвинение за шпионажа – не бил вклучен во постапката за размена. Неговиот адвокат рече дека Американецот останува во затворската колонија и дека разговорите за прашањето за неговата размена ќе продолжат.