Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани
Вооружени лица со маски утрово извршиле напад врз лице од обезбедувањето на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати во Топанско Поле. Поради инцидентот, како што соопшти полицијата, утринава бил затворен сообраќајот во делот од улицата „Македонско-косовска бригада“ кај трговскиот центар.
„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
велат од МВР.
Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани.