Инцидентот за кој се гонеше Усеини се случи во 2019 година на седница на Советот на Општина Охрид, а судењето почна лани
Нефи Усеини, бизнисмен, охридски советник и претседател на огранокот на ДУИ во Охрид, доби осудителна пресуда за претепувањето на екссоветникот Џемал Мена за време на седница на Советот, објави „А1 он“.
За делото за кое се гони е предвидена казна од три месеци до три години, а судот во Охрид, како што јавува порталот, на Усеини му изрече казна под законскиот минимум. Судијата изрекол парична казна, со која смета дека Усеини ќе го поправи своето однесување и нема да попречува лица во извршување на службената должност ниту ќе помисли повторно да тепа, како што го направи тоа повеќепати изминатите две години.
Инцидентот за кој се гонеше Усеини се случи во 2019 година, а судењето почна лани.
Нефи Усеини, заедно со својот брат Ибро, беше вмешан во уште еден случај со насилство, кога беше нападнат охриѓанец. Меѓутоа, тој случај заврши со ослободителна пресуда бидејќи нападнатиот потоа го смени исказот и тврдеше дека е изваден од контекст и не е нападнат.