Руските сили, пак, во текот на ноќта извршиле серија напади врз регионот Запорожје, јавуваат агенциите повикувајќи се на објавите на локалниот шеф на воената админсурација Олександр Старук
Во напад со беспилотно летало на аеродром во руската област Курск бил запален резервоар за складирање нафта, изјавил утрово локалниот гувернер, пренесува Гардијан.
Според информациите во нападот нема жртви, а пожарот е локализиран.
„Сите служби за итни случаи работат на локацијата“, изјавил на „Телеграм“,
гувернерот на регионот, Роман Старовојт.
Британскиот весник успеал да ги потврди извештаите за нападот на аердромот, во регионот кој се граничи со Украина.
Минатата недела Старовојт рече дека украинските сили извршиле напад на електрана во регионот регионот, предизвикувајќи одредени прекини на електричната енергија.
Вчера, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските беспилотни летала нападнале две воздушни бази во Рјазан и Саратов во јужна и централна Русија, при што загинале тројца војници, а четворица биле ранети, а два авиони биле оштетени.
Украина директно не ја презеде одговорноста за нападите во внатрешноста на Русија откако Москва ја нападна земјата на 24 февруари.
Руските сили, пак, во текот на ноќта извршиле серија напади врз регионот Запорожје, јавуваат агенциите повикувајќи се на објавите на локалниот шеф на воената админсурација Олександр Старук.
Во нападите, според информациите е оштетена критична инфраструктура и станбени згради. Засега нема информации за загинати или повредени.
⚡Russians launched a missile attack on the suburbs of Zaporizhzhia, said the head of Zaporizhzhia RMA Oleksandr Starukh.
— FLASH (@Flash_news_ua) December 6, 2022
Critical infrastructure facilities and residential buildings were damaged. People were not injured.
👉 Follow us for more @Flash_news_ua https://t.co/F3qwOqgoI9 pic.twitter.com/QOmm94nULc