Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 2 декември 2022 г. на ТВ Алсат
Во пресрет на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост дебатираме на тема (не)толеранција кон различните. Едно истражување на МЦМС покажа дека 52 отсто од граѓаните не сакаат за сосед лице со попреченост. Едвај една третина се изјасниле афирмативно. Овој размер е уште полош за други групи или заедници во општеството. 71 отсто не сакаат за сосед да имаат имигрант, 77 отсто не сакаат ХИВ-позитивен, 52 проценти не сакаат за сосед Ром, а 81 отсто – припадник на ЛГБТИ-заедницата. Што друго може да се заклучи од истражувањето кога подлабоко ќе се влезе во анализа на податоците и што се причините за ваквите ставови на граѓаните, разговараме со авторката на истражувањето, Наташа Димова од МЦМС, Виолета Петроска-Бешка, професорка по психологија на УКИМ и Славчо Димитров, истражувач од Коалицијата Маргини. Објавуваме и нова „Саботажа“.