Последен пример со лажно брифирање на новинарите, додава таа, беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив ниту го гласав членот на Судскиот совет Зоран Герасимоски
Откако на денешната седница поднесе неотповиклива постапка, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска се огласи преку соопштение, во кое, како што наведува, веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка со крајна цел да даде оставка затоа што нејзиниот избор за претседател не одговарал на група од „судската-бизнис елита“.
„До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството. Стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“,
се наведува во соопштението.
Последен пример со лажно брифирање на новинарите, додава таа, беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив ниту го гласав членот на Судскиот совет Зоран Герасимоски.
„Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско-бизнис елита. Благодарна сум им на оние колеги кои покажуваа почит и ме поддржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството“,
објави Црвенковска.