Утринава почна протестот на приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз. Тие денеска ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Паркирани се над 30 автобуси, а времетраењето на протестот се планира да биде сè до исполнување на нивните барања.
СВР Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот на двата булевара и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.









Од „Слобода превоз“ најавуваат дека ако брзо не се решат нивните барања во наредните денови блокадата ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје.
Во рамките на активностите за решавање на актуелниот проблем, „Слобода превоз“ денеска треба да оствари средба со Управниот одбор на ЈСП, а исто така претставници на приватните превозници ќе присуствуваат и на седницата на Советот на Град Скопје.