Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во дебата на „360 Степени“ зборуваше за можноста учениците да се вратат во училиште пред крајот на учебната година.
„Теоретски е можно да се вратат на настава и мислам дека би сакал да дојдеме во таа ситуација, до мај дел од учениците да се вратат на настава, меѓутоа многу зависи од нас колку ќе се придржуваме кон мерките. Сега останува на нашата граѓанска свест, ако се придржуваме логично е да се очекува дека би можеле и да почнеме со школската година, барем да ја завршиме пред јуни“,
рече Микиќ.