Оставките се поднесени како морален чин и знак на солидарност со народот и доказ за противење на политиката на премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, истакнале цариниците
На административниот премин Јариње 11 српски работници кои биле вработени на тој и на преминот Брњак поднеле оставки до Царинската служба.
„Оставките се поднесени како морален чин и знак на солидарност со народот и доказ за противење на политиката на премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“,
изјавиле цариниците.
Еден од поранешните вработени рече дека Србите имале исклучителна соработка со колегите Албанци од царината и полицијата и изрази надеж дека ќе најдат решение за проблемите што се појавиле.
Според него, Србите оставките му ги предале на шефот на смената во Јариње, кој оставките ќе ги проследи во Приштина.
Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци денеска потврди дека единаесет цариници, Срби кои работеле на премините Јариње и Брњак, поднесоа оставка.
„Единаесет српски членови на косовската царина поднесоа оставки. Тие работеа на Јариње и Брењак. Нивната замена ќе се изврши со цариници од други контролни пунктови“,
истакна Ставилеци.
Сè повеќе Срби на северот на Косово и Метохија поднесуваат оставки од своите работни места и ги напуштаат привремените институции во Приштина, по едностраната одлука на Приштина за регистарските таблички, отпуштањето на Ненад Ѓуриќ, како и кршењето на правата на Србите и Бриселскиот договор.