За време на средбата, Османи се заблагодарил за континуираната американска помош на нашиот евроинтегративен процес, а воедно изразил уверување оти амбасадорката Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката
Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.
За време на средбата, Османи се заблагодарил за континуираната американска помош на нашиот евроинтегративен процес, а воедно изразил уверување оти амбасадорката Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.
„Во билатерален контекст, соговорниците го поздравија развојот на севкупните односи, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности. Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности кои имаат за цел понаташно поттикнување на рефомските процеси и демократски развој на државата“,
се наведува во соопштението на МНР.
На средбата, меѓу другото, станало збор и за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО, со посебен акцент на руската воена агресија во Украина, како и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.