Кадиров ги обвини САД, ЕУ и НАТО алијансата за „еднострано предавство“ со испраќање оружје на Киев
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно го критикуваше напредокот на руската инвазија на соседна Украина велејќи дека Русите слабо одговараат на украинските напади.

Тој им се закани со уништување на западните земји кои ја поддржуваат Украина.
„Веќе е воведена вонредна состојба во провинциите на границата со Украина. Но, тие продолжуваат да пукаат во мирни граѓани и во цивилни згради, а рускиот одговор на тоа е слаб“,
рече Кадиров.
Тој повика на одмазда со уништување на украинските градови за да може да се „види далечниот хоризонт“.
Во видео пораката објавена на Телеграм, Кадиров рече дека зборува „за војната што веќе се случува денес на територијата на Русија“.
Кадиров ги обвини САД, ЕУ и НАТО алијансата за „еднострано предавство“ со испраќање оружје во Киев. Тој рече дека Западот со години се обидувал да ја изгладне Русија со „студена економска војна“ и не успеал.
Кадиров вели дека западот сега сака да ја фрли Русија на колена и да ја претвори во роб.
„Ќе ги уништиме, колку и војници и технологии да испратат“,
нагласи Кадиров кој е еден од најжестоките поддржувачи на војната, испраќајќи ги своите синови да се борат.