Црна Гора беше последната балканска којашто немаше позитивен случај на коронавирусот. Денеска таа ситуација се промени, а во земјата се потврдените први два случаи на новиот вирус.
Информацијата за соопшти премиерот Душко Марковиќ и апелираше до граѓаните дека нема простор за паника.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 196.724 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.927, а оздравеле 81.683 луѓе.
Во Италија досега се регистрирани 31.506 заразени, само во последните 24 часа има нови 3.526 случаи. Вкупно досега починале 2.503 лица, а оздравеле 2.941.
Шпанија е новото европско жариште на коронавирусот и стана четврта земја во светот по бројот на заразени so вкупно 11.748 пациенти. Во Германија регистрирани се 2.080 нови случаи за 24 часа.
Британскиот премиер Борис Џонсон значително го смени мислењето за коронавирусот. Иако првичниот план на британските власти беше луѓето да се пуштат да се заразат со коронавирусот, Џонсон сега вели дека Велика Британија можеби ќе треба да оди „подалеку и побрзо“ во наредните денови во борбата против коронавирусот. Тој додаде дека вирусот може да биде смртоносен, но дека може да се победи. Џонсон рече дека неговата Влада ќе се однесува како да станува збор за воена состојба.
На улиците во Франција се распоредени 100.000 полицајци на кои ќе им помогне и армијата за да се обезбеди дека сите ги почитуваат 15-дневните мерки за карантин. Во земјата се регистрирани 1.097 нови случаи и 27 со смртни последици. Вкупно починати се 175, а заразени 7.730.