Како што информираат од МВР, осомничениот се заканил дека бомбата ќе експлодира за време на протестот што вработените на ЈСП го најавија за денеска поради неисплатена плата за септември. Заканата испратена по електронска пошта била забележана утрово од вработени во ЈСП, поради што од сообраќај се повлечени сите автобуси на ЈСП
Од МВР додаваат дека се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот
Скопската полиција утрово привела вработен на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) поради соменвање дека од неговиот до мејловите на раководството и административната служба на претпријатието со закана дека планира да постави бомба во автобус на ЈСП поради нередовно земање на плата, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму додаваат дека се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Заканата испратена по електронска пошта била забележана утрово од вработени во ЈСП, поради што од сообраќај се повлечени сите автобуси на Јавното претпријатие.
Како што информираат од МВР, осомничениот се заканил дека бомбата ќе експлодира за време на протестот што вработените на ЈСП го најавија за денеска поради неисплатена плата за септември.
„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу пет часот од ЈСП дека од неговиот мејл на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовно земање плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
стои во информацијата од МВР.
Во соопштението што утрово го испратија од ЈСП во врска со случајот се вели дека „по налог на МВР, сите возила на ЈСП „Скопје“ се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата“.
„Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР. ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието“,
стои во соопштението од ЈСП.
Вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатена плата за месец септември.
Вчера на прес-конференција во просториите на Град Скопје, генералниот секретар на Градот Зоран Глигоров рече дека во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу два милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително, како што изјави тој, неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари.
Според него, долговите кон ЈСП, кои се бројат во милиони евра, го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските што претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за недостигот на пари за нормално функционирање на Јавното сообраќајно претпријатие, како и за „саботирање“ на проектот бесплатен јавен превоз исто така ги обвини централната и дел од единиците на локалната власт.
Таа најави дека како еден од можностите што му стојат на располагање на Градот Скопје, под чија капа е и ЈСП, за да ги натераат институциите кои му должат пари на претпријатието, е да ги паркираат автобусите на ЈСП пред Владата и други институции кои, како што рече градоначалничката, ги саботираат процесите.
Од Владата ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон ЈСП „Скопје“ и наведоа дека ваквата состојба во која се наоѓа ЈСП е показател дека општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат обврските.