Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честита завршувањета на процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата од сите 29 земји членки.
Во порака објавена на „Твитер“, Столтенберг напиша:
„Шпанскиот сенат само што го ратификуваше зачленувањето на Северна Македонија во НАТО. Со тоа, сите сојузници и рекоа добредојде на нашата скорешна 30. членка. Честито, Северна Македонија.“

Попладнето шпанскиот Сенат, преку видеоконференциска седница, со гласање од далечина, го ратификува протоколот за влез на земјава во НАТО. Сега кралот на Шпанија треба да го потпише законот за ратификација и тој треба да биде депониран во американскиот Стејт Департмент. Потоа, и земјава треба да го депонира ратификацискиот инструмент за Северноатлантскиот договор, со што ќе завршат сите формалности за официјализирање на полноправното членство на Северна Македонија во Северноатлантската Алијанса.
*поврзана вест (ВИДЕО) Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО