Хуманитарната помош беше најавена вчера по телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Украина Володомир Зеленски и претстолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Помошта доаѓа откако САД ја критикуваше монархијата по најавите дека земјата ќе го намали производството на сурова нафта, а саудиската агенција ДПА соопшти дека на овој начин ќе се помогне да се олесни страдањето на украинскиот народ во услови на војна која трае нешто повеќе од седум месеци.
Саудискиот престилонаследник, додава ДПА, кажа дека неговата земја е подготвена да ги продолжи напорите за посредување и сите чекори кои помагаат во деескалација на конфликтот. Саудиска Арабија минатиот месец сооопшти дека престолонаследникот Мохамед бин Салман посредувал меѓу Русија и Украина за ослободување на 10 затвореници од различни земји.
Кралството претходно неделава гласаше за резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се осуди руската анексија на четирите украински провинции. Саудиска Арабија се наоѓа под жестока критика од САД откако нафтениот картел ОПЕК +, предводен од Ријад, а во кој се наоѓа и Русија, претходно овој месец соопшти дека го намалува производството на сурова нафта за два милиона барели дневно.