Сенатот на Шпанија реши за три часа порано да го помести терминот за донесување на одлуката за Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Според најновите информации објавени на официјалната веб-страница на Сенатот на Шпанија и на нивниот твитер профил, онлајн гласањето на членовите на Сенатот е веќе завршено и во 13 часот, а не како што вчера беше најавено во 16 часот ќе бидат официјално објавени резулатите од изјаснувањето на сенаторите.
Со ратификацијата на пристапниот Протокол од Сенатот, по што ќе следи и неговото потпишување од страна на шпанскиот крал, ратификацискиот инструмент треба да биде депониран во Стејт Департментот за Северна Македонија и официјално да стане членка на НАТО.
Куриозитет е тоа што Сенатот на Шпанија оваа историска одлука за Македонија, за прв пат откако функционира, ја носи со гласање од далечина, односно без физичко присуство на сенаторите на пленарната сесија.