Според оваа одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 остануваат непроменети
Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 остануваат непроменети.
Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.
Малопродажната цена на еуросупер БС-95 останува 89 денари за литар, а на еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 денар за литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 денар за килограм.
