Министерот вели дека го осудува отворањето на бугарскиот клуб со име „Цар Борис Трети“ бидејќи ние сме држава којашто е родена на придобивките од НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме, а така ја чуваме и државата
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за „Макфакс“, порачува дека тој лично го осудува отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, за што настан официјално беше одржан денеска.
За протестот на граѓаните кои се собраа да го изразат револтот, тој вели дека го разбира.
„Го разбирам протестот на граѓаните. Најсилно е правото на граѓанинот да го искаже тоа што го размислува. И јас лично осудувам отворање на таков клуб во Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто? Заради тоа што ние сме држава којашто е родена на придобивките од НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме, а така ја чуваме и државата. Апсолутно јас и во идеолошка смисла сум следбеник на тие политики и сметам дека апсолутно не е прифатливо да биде промовиран начинот на однесување преку вакви ликови коишто биле дел од фашизмот“,
посочува Спасовски во интервјуто.
Од Секторот за внатрешни работи Охрид попладнево соопшти дека на денешниот протест против отворањето на бугарскиот клуб немало нарушувања на јавниот ред и мир, а тоа го потврдува и Спасовски во интервјуто додавајќи и дека немало обиди за судир со полицијата.
Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.
*Повеќе вести од денешното отворање на бугарскиот клуб во Охрид:
- „Цар Борис Трети“ ги зоврива страстите: Левица и ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат, МНР апелира на зрелост и достоинство
- (ФОТО+ВИДЕО) Тензично во Охрид на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
- Здружението „Цар Борис Трети“ е отворено согласно законите, немаме намера да провоцираме никој, вели неговиот претседател
- Политички пинг-понг од осуди и обвинувања за клубот „Цар Борис Трети“
- На протестот против бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ немало нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти охридската полиција