Ваквите измами станаа многу чести во последниот период, за што граѓаните често предупредуваа на социјалните мрежи
Ова не е првпат бугарски државјани да бидат апсени за вакви измами. Двајца бугарски државјани беа приведени пред три недели во Скопје откако преку измама преку телефон се обиделе да одземат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје
34-годишен бугарски државјанин е уапсен на Граничниот премин Деве Баир за измама на постари лица со наводни сообраќајни несреќи.
Како што соопшти МВР, лицето со иницијали Н.П.С. од Плевен, Бугарија, успеал да измами осум луѓе и одзел 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра.
„По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ. Имено, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените- повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра“,
изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Измамникот ги доведувал оштетени во заблуда преку телефонски повици. На жртвите им кажувал дека член на нивното потесно семејство наводно предизвикал сообраќајна несреќа во која има загинато дете и доколку сака да го спаси од одење во затвор, барал од оштетените поголема сума на пари.
„При извршениот претрес кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра,картици за телефон,телефон и други предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство“,
рече Андреевски.
Ваквите измами станаа многу чести во последниот период, за што граѓаните често предупредуваа на социјалните мрежи.
Ова не е првпат бугарски државјани да бидат апсени за вакви измами. Двајца бугарски државјани беа приведени пред три недели во Скопје откако преку измама преку телефон се обиделе да одземат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје.
МВР апелира до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.