„Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергијата“, напиша претседателката на Европската комисија на Твитер
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го поздрави, како што вели во својата објава на Твитер, позитивниот моментум меѓу Бугарија и С Македонија.
„Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергијата“,
напиша Фон дер Лајен на својот твитер-профил.
I welcome the positive momentum between Bulgaria & North Macedonia.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 1, 2022
It led to the start of the accession negotiations process for ??
Now it can also lead to a good cooperation across the board for the benefit of ???? people, for example on energy.@PresidentOfBg @SPendarovski pic.twitter.com/EhqEdUHddR
Претседателката на ЕК денеска имаше трилатерална средба со претседателите на С Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.
На средбата, како што информираа од кабинетот на Пендаровски, било разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.
По одделната средба што ја имаше со својот бугарски колега, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите истакна дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје и посочи дека тој и Владата се секогаш подготвени да разговараат со Бугарија за актуелни теми од 21. век, а не за историја и прашања од далечното минато.
Пендаровски е во посета на Софија каде денеска во употреба беше пуштен гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија.