Штетите на Флорида се уште се проценуваат, а не е познат конечниот број на загинати. Ен-би-си објави дека загинале 10 лица, а Си-ен-ен дека животот го загубиле 17 лица
Ураганот Ијан го погоди брегот на Јужна Каролина, еден ден откако предизвика огромна материјална штета на Флорида и однесе човечки жртви и зароби многу луѓе во нивните домови.
Ијан моментално има јачина на ураган од прва категорија и предизвикува ветрови со брзина од 120 километри на час, според Американскиот национален центар за урагани, пренесува Ројтерс.
Покрај Јужна Каролина, се очекува да ги погоди и Северна Каролина и Џорџија и да предизвика поплави опасни по живот, силен ветер и големи бранови.

Штетите на Флорида сè уште се проценуваат, а не е познат конечниот број на загинати. Ен-би-си објави дека загинале 10 лица, а Си-ен-ен дека животот го загубиле 17 лица.
Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека Ијан може да биде еден од најсмртоносните урагани во историјата на Флорида и дека прелиминарните извештаи укажуваат на голем број жртви.

Повеќе од 2,3 милиони домови и деловни објекти останаа без струја по налетот на ураганот.
Hurricane Ian –
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) September 30, 2022
What 15 ft storm surge looks like …
(credit to Max Olson Chasing)
?? pic.twitter.com/OqbFkQxD8s