За украинскиот претседател оваа фарса на окупираната територија не може ни да се нарече имитација на референдуми
Ниту едно од криминалните дејствија на Русија нема да промени ништо за Украина. Ја признаваме Повелбата на ОН, ги признаваме основните принципи на соживот на народите. Но, ние ќе продолжиме да делуваме со цел да го заштитиме нормалниот живот во Украина, во Европа и во светот, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото обраќање на Фејсбук.

Тој додава дека ќе дејствуваат за заштита на народот во Херсонската област, во регионот Запорожје, во Донбас, во моментално окупираните области на Харковската област, и на Крим.
„Оваа фарса на окупираната територија не може ни да се нарече имитација на референдуми. Што се однесува до фронтот, ќе кажам кратко и засега без детали, иако ќе бидат добри: одиме напред и ја ослободуваме нашата земја“,
додава Зеленски.