Црна Гора донесе одлука да ги затвори сите воспитно-образовни институции во следните 15 дена, како превенција против коронавирусот.
Училиштата ќе бидат затворени со цел превентивна и навремена заштита на здравјето на децата, наставниот и другиот кадар, иако во земјата официјално не е потврден ниту еден случај на новиот коронавирус.
Според црногорските медиуми, за време на мерката еден од родителите, старателите или самохраниот родители на дете до 11 години, ќе има право на платено отсуство. Тоа важи за сите освен за вработените во здравствениот сектор.
Црногорската влада соопшти дека додека не се одржува настава медиумите ќе ги пренесуваат наставните содржини.