Пратениците од опозицијата и власта дебатираа за состојбата во РЕК Битола, за ремонтите кои не се направени и што се во тек, за увозот и цената на струјата, владеењето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и на актуелната на СДСМ и ДУИ, за автопатиштата низ земјата, за туризмот, набавката на гас…
Во Собранието попладнево продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи ѝ на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет-антикризни мерки, како и законски измени.
Во однос на барањето за одговорност, Битиќи кажа дека 65 000 жители на Скопје ниту еден ден немале прекин на топлинска енергија, а за електричната енергија праша дали имало „еден ден, еден час, една минута“ недостаток на струја.
На обвинувањата дека се склучуваат договори во четири очи, вицепремиерот повтори дека се што се работи е во рамки на законите.
Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека за едно домаќинство месечно се потребни 48 000 денари и праша зошто Владата ги излажала синдикатите кои сеуште чекаат зголемување.