Според техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, како што јави МИА, мобилизацијата од руска страна носи ризик за националната безбедност на земјата, но сепак нагласи дека во моментов не постои закана од директно вмешување на Бугарија во конфликтот
Како што јави Бугарското национално радио (БНР), на средбата во претседателскиот кабинет присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, членови на владата и раководители на специјалните служби, кои ги разгледуваат последиците по безбедносните и социо-економските аспекти во Бугарија од ескалацијата на руско-украинскиот конфликт. Ова следува откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна воена
Два дена по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна воена мобилизација во Русија, бугарскиот претседател Румен Радев денеска во неговиот кабинет во Софија свика консултативна средба посветена на безбедносните, економските и социјалните последици од ескалацијата на војната во Украина.
Како што јави Бугарското национално радио (БНР) на средбата во претседателскиот кабинет присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, членови на Владата и раководители на специјалните служби, кои ги разгледуваат последиците по безбедносните и социо-економските аспекти во Бугарија од ескалацијата на руско-украинскиот конфликт.
Дописникот на МИА од Софија јавува дека техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, изјави дека мобилизацијата од руска страна носи ризик за националната безбедност на земјата, но сепак, нагласи дека во моментов не постои закана од директно вмешување на Бугарија во конфликтот.
„Бугарија почна да посветува поголемо внимание на источната граница“,
изјави претходно денеска на Стојанов.
Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев истакна дека Софија со исклучително внимание го следи конфликтот меѓу Русија и Украина, но според него, во оваа фаза нема конкретна воена закана врз Бугарија.
Министерот за одбрана во преодната влада на Бугарија, Димитар Стојанов пред два дена кажа дека најавената делумна мобилизација од Владимир Путин во Русија нема директна закана за Бугарија, но оти постои ризик за националната безбедност.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември најави делумна воена мобилизација во Руската Федерација бидејќи земјата се соочува со продолжен конфликт во Украина и областа Донбас. Во делумната мобилизација треба да бидат вклучени околу 300 илјади резервисти.