Одлуката е спроведена на барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, откако претходно на 24 јуни годинава стапи во сила забраната за движење низ шумски предели поради зголемен ризик од шумски пожари
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја укина делумната забрана за движење во шуми и шумски земјишта заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.
Одлуката е спроведена на барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, откако претходно на 24 јуни годинава стапи во сила забраната за движење низ шумски предели поради зголемен ризик од шумски пожари.
„За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“,
наведуваат од ЈП Национални шуми.
Делумната забрана за движење низ шумски предели беше воведена во јуни годинава поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.